Собранието на доверители на Сведмилк одлучи имотот во стечајна маса на оваа млекара да го продадат на Балканска Млекара ДООЕЛ Скопје, чиј основач е една од најголемите турски компании во млечниот бизнис Суташ", како и со претходно откупеното заложното право на заложниот имот од НЛБ - Тутунска Банка, Балканска Млекара стана сопственик на целокупниот имот на Сведмилк. Во функција на што побрзо рестартирање на производството на фабриката, кое според планот треба да се случи во најбрз временски рок, вчера во Македонија пристигна и нивен стручен тим кој ќе работи на подготовките на истото. Покрај превземањето на млекарата, од компанијата најавуваат и дополнителни инвестиции во изградба на нови погони и капацитети, како и отворање на погон за производство на сточна храна.
Собранието на доверители на Сведмилк одлучи имотот во стечајна маса на оваа млекара да го продадат на Балканска Млекара ДООЕЛ Скопје, чиј основач е една од најголемите турски компании во млечниот бизнис Суташ", како и со претходно откупеното заложното право на заложниот имот од НЛБ - Тутунска Банка, Балканска Млекара стана сопственик на целокупниот имот на Сведмилк.
Во функција на што побрзо рестартирање на производството на фабриката, кое според планот треба да се случи во најбрз временски рок, вчера во Македонија пристигна и нивен стручен тим кој ќе работи на подготовките на истото.
Покрај превземањето на млекарата, од компанијата најавуваат и дополнителни инвестиции во изградба на нови погони и капацитети, како и отворање на погон за производство на сточна храна.
Исто така, во планот на компанијата е и нејзино проширување со откуп на некои од постоечките земјоделски капацитети, како и договори со фармери кооперанти.
Од компанијата најавија доаѓање на висок претставник на Суташ" во Македонија, при што на прес - конференција ќе ги презентира нивните планови.